Лекарите во Универзитетската болница во Магденбург успеале да одржат во живот предвреме родено девојче кое тежело само 300 грама, доволно долго за да почне самостојно да се развива, објавува денес „Билд“.
Болницата соопшти дека станува збор за „извонреден медицински успех“ бидејќи девојчето е родено 16 недели пред терминот, и затоа се смета за екстремно предвремено раѓање, а стапката на преживување на вакви бебиња низ целиот свет е само 25 проценти.
„Детето било на респиратор седум недели пред да може да дише самостојно. Третманот бара исклучително прецизен и внимателен пристап“, рече главниот лекар Ралф Бетгер.
Тој додаде дека семејството останало во болницата долго време за да изгради и одржи врска со детето, а девет недели по првично проценетиот термин, родителите конечно можеле да го земат девојчето дома.

Според Гинисовата книга на рекорди, рекордот за најмладо преживеано предвреме родено бебе во светот го држи Неш Кин од Соединетите Американски Држави, кој е роден 19 недели предвреме и тежел само 283 грама.
Тој го прослави својот прв роденден во јули оваа година.