Сите понекогаш посакуваме нешто слатко или солено – парче торта, крофна, чипс, перек или пуканки. Тоа е сосема нормално и не претставува проблем, сè додека таквата желба не се претвори во секојдневна навика. Но, вистинскиот проблем настанува кога редовно посегнуваме по овие намирници, особено затоа што една од нив официјално е прогласена за најнездрава храна во светот.
Здравата исхрана не е само тренд, туку клуч за долг и квалитетен живот. Стручњаците ширум светот постојано советуваат што треба да се јаде и пие, а меѓу нивните препораки често се наоѓа и листата на најнездрави намирници.
Според порталот „EatThis“, кој објави список од 100 најнездрави производи, на врвот се наоѓа – чипсот.
Чипсот – најлошиот избор на трпезата
Како што покажуваат анализите, чипсот е еден од најштетните производи што може да се најдат во исхраната. Содржи огромни количини сол, вештачки бои и адитиви, а речиси воопшто нема растителни влакна ниту хранливи материи. Со други зборови – во чипсот нема ништо корисно за организмот, но затоа изобилува со супстанци што го трујат телото.

Оваа ултрапреработена грицка може сериозно да го загрози здравјето, особено кардиоваскуларниот систем. Нејзината редовна консумација го зголемува нивото на холестерол, не создава чувство на ситост и содржи адитиви кои експертите ги поврзуваат со зголемен ризик од појава на карцином. Кај нас, чипсот е особено популарен меѓу младите, што е уште позагрижувачко.
Последиците доаѓаат побрзо отколку што мислите
Штетните ефекти од ваквата храна не се појавуваат само по долгорочна употреба. Истражувањата покажуваат дека само неколку часа по јадењето чипс, крвните садови може да претрпат негативни промени и да се намали нивната еластичност.
Ако често консумирате чипс или слични грицки, време е да размислите за поздрава замена. Наместо тоа, одберете ореви, бадеми, лешници, семки од тиква или свежо овошје како банани и портокали.
Малите промени во исхраната можат значително да го подобрат вашето здравје и да ја намалат потребата од вакви „брзи“ задоволства, пренесува „Zadovoljna.rs“.