Тој им рекол на полицајците дека го вклучил автопилотот, заспал и не се разбудил на време за да реагира.
Возач на Тесла во Илиноис бил уапсен откако се судрил со задниот дел од полициско возило Форд Експлорер кое било запрено поради сообраќаен прекршок од друг возач.
Сопственикот на Тесла им кажал на полицајците дека автопилотот на возилото бил вклучен и дека тој заспал зад воланот.
Полициската станица Јужен Барингтон вели дека полициското возило било паркирано покрај патот со вклучена „ротација“ кога Модел Y го удрил одзади.
Возачот, Џозеф Фресо, им рекол на полицајците дека го вклучил автопилотот, заспал и не се разбудил на време за да реагира. Двајцата полицајци и Фресо биле префрлени во локална болница во Хофман Естејтс. Сите тројца добиле повреди кои не биле опасни по живот и подоцна биле пуштени.

За да биде уште полошо за 43-годишниот возач, тој бил пронајден со наполнет пиштол без важечка дозвола. Како резултат на тоа, тој наводно бил уапсен и обвинет за нелегално поседување огнено оружје.
Доколку возачот навистина заспал со вклучен автопилот, тоа би можело да покрене нови загрижености за ефикасноста на активниот безбедносен систем на Тесла.
Производителот на електрични автомобили веројатно ќе испрати инженери да го анализираат Model Y и да утврдат дали автопилотот бил вклучен во времето на несреќата и дали неговите системи за предупредување работеле како што треба.