Ако ги сакате математичките предизвици, особено оние што на прв поглед изгледаат едноставно, оваа задача сигурно ќе ви го привлече вниманието.
Веќе извесно време кружи по социјалните мрежи и предизвикува жестока расправа меѓу корисниците.
Едноставно прашање?
Задачата гласи вака:
Ако папагалот стои на главата на човекот, нивната вкупна висина изнесува 200 сантиметри.
Ако папагалот стои на земја, висината од врвот на неговата глава до врвот на главата на човекот е 170 сантиметри.
Колку е висок папагалот?
Обидете се да ја решите
Како што забележале многу корисници на мрежите, задачата не е толку едноставна како што изгледа. Само на Instagram, луѓето се расправаат околу три различни решенија!
За оние кои сакаат да ја проверат точната пресметка, во видеото подолу е прикажано целото објаснување.
Ние ќе ви откриеме само дека висината на папагалот е 15 сантиметри — а остатокот од сметката оставаме на вас.
Среќно!