Ако не ги соблечете зимските јакни во автомобилот, функционалноста на безбедносните појаси се губи и се појавува голем проблем.
Студијата на Германскиот автомобилски клуб (ADAC) сугерира дека дури и возрасните не треба да бидат во возила со зимски јакни.
Носењето сигурносен појас е задолжително и нема сомнение дека спречува сериозни повреди во сообраќајни несреќи. Меѓутоа, ако не ги соблечете зимските јакни во автомобилот, нивната функционалност се губи и се појавува голем проблем.
ADAC спроведе тест за судир со брзина од 16 км/ч, што е просечна вредност кога друго возило ќе удри во задниот дел од автомобилот. Поради зимската облека, безбедносните појаси се поместуваат (не се поставени директно до телото), не се во оптимална положба и со тоа можат да предизвикаат повреди дури и при мали брзини. Долниот дел од ременот не е фиксиран на пределот на колковите, туку малку повисоко, и поради ова, може да се повредат црниот дроб, слезината…

Доколку е воопшто можно, избегнувајте возење со дебели зимски јакни и задолжително носете сигурносен појас.
Не ги врзувајте децата на седишта во дебели зимски јакни
Врзувањето на детето на седиштето треба да биде навика на секој родител. Едноставна акција што трае само неколку секунди е исклучително важна за безбедноста на детето.
Сепак, дури и родителите кои се совесни и ги врзуваат своите деца, дури и кога возат само неколку стотици метри до најблиската продавница, градинка или училиште, честопати прават една грешка: ги врзуваат децата на автомобилски седишта додека носат дебела зимска облека.
Знаеме дека утрата се ладни и на автомобилот му треба време да се загрее, но обидете се да го покриете вашето дете со ќебе или да користите некоја друга форма на топлина. Зошто? Ако го врзете вашето дете додека носи дебела зимска јакна, безбедносните појаси нема да бидат правилно прицврстени, односно нема да биде можно доволно да се затегнат околу телото.

Во случај на судир, телото на детето ќе се движи премногу и ризикот од сериозни повреди се зголемува, а исто така е можно телото на детето да се лизне од јакната и да удри во седиштето пред него. Препорачливо е додека го прицврстувате детето на седиштето, да не претерувате со облеката, односно ремените да бидат што е можно поблиску до телото на детето. Исто така, не заборавајте да ги врзете безбедносните ремени!