Во турскиот град Ајдин, полицијата беше изненадена од сцената што ја пронашле во банка.
Полициските службеници пристигнале во банката мислејќи дека е грабеж, но виделе мачка на влезната врата.
Таа само стоела на вратата и збунето ги гледала, а кога ги видела полицајците само мјаукала.
Не е познато како мачката влегла во просториите на банката и го активирала алармот. Видеото станало хит на мрежите – имало многу прегледи, а духовитите коментари само се слевале.
„Само ја проверував состојбата на сметката“, „Колку е збунета“, „Нејзиниот план не успеа“, „Сè добро испланирав, ова не требаше да се случи“, беа само дел од коментарите.

Необична сцена се случила во банка во турскиот град Ајдин. Во Турција е познато дека мачките се омилени животни и чести домашни миленици.