Редок атмосферски феномен наречен „хало“ е забележан во сибирскиот град Крајнјарск.
Според локалните медиуми, во неделата температурата во Крајнјарск изнесувала околу ледени минус 30 степени Целзиусови.
Хало е оптички феномен кој се појавува како секундарен сјај околу извор на светлина, а во Крајнјарск го забележал репортер на агенцијата „Anadolu“.

Хало-појавите се различни светлосни ефекти во форма на прстени, лакови, светлосни полиња, столбови и точки, што настануваат кога меѓу Сонцето и окото на набљудувачот се наоѓа тенок слој облаци (цирус или циростратус) составени од ледени кристали.
Феноменот најдобро се гледа кога облачниот слој не е толку густ за да го закрие Сонцето.

Хало може да се појави и тогаш кога изворот на светлина се наоѓа зад падински траги од облаци што не ја достигнуваат земјата (таканаречени „вирги“), како и во близина на земјата кога има магла од ледени кристали.