Овој трик нè воодушеви, а веруваме дека ќе ве воодушеви и вас.
Ако ви е познато ова сценарио – кога лупите варени јајца, половина белка завршува во кантата заедно со лушпата – тогаш ви препорачуваме да го испробате трикот со лимон.

Зошто јајцата се варат со лимон?
Лимоновиот сок помага јајцата да не пукнат за време на варењето, но и значително го олеснува лупењето. Кога ќе ставите парче лимон во водата каде што ги варите јајцата, киселата средина ја омекнува лушпата и прави таа полесно да се оддели.

Што точно се случува во тенџерето?
Цитратната киселина од лимонот делува нежно на калциумот што ја гради лушпата на јајцето. Со тоа се слабее врската помеѓу лушпата и внатрешната мембрана, па кога јајцето ќе биде сварено, лушпата се одвојува многу полесно.
Во тенџерето со вода, покрај јајцата, можете да ставите парче лимон или да исцедите лимонов сок – како што ви одговара.
Дополнителен плус на овој трик е тоа што и кујната ќе мириса прекрасно.