Една од најпознатите видовници во светот, познатата Баба Ванѓа, иако почина во 1996 година, наводно предвидела многу работи што се случиле дури и по нејзината смрт, а сега се зборува за уште едно нејзино наводно пророштво.
Баба Ванѓа, според нејзините следбеници, ги предвидела нападите од 11 септември во САД, како и пандемијата Ковид, сега можеби сме на неколку дена од тоа да видиме дали уште едно наводно предвидување ќе се покаже како вистина.
Во пророштво за 2025 година, таа предвидела дека луѓето наводно ќе стапат во контакт со вонземјани, на денот кога, според Дејли Меил, се одржува голем спортски настан.
Визијата наводно опишува НЛО кое се појавува како „нова светлина на небото“ за време на настанот, дозволувајќи му на човештвото да стапи во контакт со вонземјани за прв пат, а наводно тоа ќе биде голем спортски настан што ќе го видат луѓе од целиот свет. Иако не е експлицитно наведено за каков настан станува збор, јавноста го поврзува со ждрепката за Светското првенство во фудбал во 2026 година, што се одржува во Вашингтон во петок.

Се очекува церемонијата да трае околу еден час и ќе одреди кој ќе игра против кого во групната фаза од турнирот следната година, кој ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Се очекува ждрепката да ја гледаат во живо дури 300 милиони луѓе ширум светот, врз основа на гледаноста на минатите ждрепки за Светските првенства.
Како што додава „Дејли меил“, ждрепката за Светското првенство веројатно ќе биде најгледаниот телевизиски настан во месецот, што ја прави последна шанса предвидувањето на покојниот мистик да се оствари пред 2026 година.
Иако предвидувањето за 2025 година останува донекаде нејасно, оние кои го протолкувале пророштвото на Баба Ванѓа веруваат дека светлината јасно се однесува на „вонземски вселенски брод што ќе се појави над спортската арена“.
Баба Ванѓа не оставила писмени записи за своите предвидувања, но поголемиот дел од сведоштвата доаѓаат од нејзината внука, Красимира Стојанова, или други следбеници кои ги запишале нејзините наводни визии по нејзината смрт, кои многумина ги обвинуваат за погрешно толкување на она што го кажала.