Автомобили

Во Франција, одобрен хелидром за летачко такси за време на олимписките игри

Француската влада денеска издаде декрет за одобрување на работа на хелиодром кој ќе им овозможи на електричните летечки такси да полетуваат и слетуваат во Париз за време на Олимписките игри, кои почнуваат на 26 јули.

Платформата на брегот на реката Сена во Париз ќе биде во функција и по завршувањето на игрите, најдоцна до 31 декември годинава, се вели во владината уредба која е објавена во Службен весник на Франција.

Одобрувањето на таа експериментална платформа се чекаше со месеци.

„Имајќи ја предвид неговата експериментална природа, регулативата го ограничува работното време на овој хелиодром од 08:00 до 17:00 часот и бројот на летови е ограничен на два лета на час и 900 летови во текот на целиот експеримент“ до крајот на година, се вели во соопштението.

Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август, а Параолимписките игри од 28 август до 8 септември.