Автомобили

Овој автомобил оди на водород и развива 776 коњски сили

“Hyundai” наводно планира да го пушти во производство својот прв суперавтомобил со погон на водород.

Како што пишува јужнокорејскиот весник “Korea Economic Daily”, суперавтомобилот би требало да пристигне во 2026 година и да се произведува во ограничени количини.

Наводно, суперавтомобилот интерно се нарекува “N74” и се развива со погон на задните тркала. Станува збор за купе со две “gulwing” врати и дизајнерски карактеристики кои неодоливо потсетуваат на првиот автомобил на “Hyundai – Pony Coupe” од 1974 година.

Концептниот модел развива 680 коњски сили, а серискиот модел наводно ќе испорачува најмалку 776 коњски сили. Споменатиот јужнокорејски весник наведува дека “N74” од 0 до 100 km/h ќе забрзува за три секунди.

“Hyundai” планира да произведе само 200 единици помеѓу 2026 и 2028 година. Тестирањето на прототипот е планирано за август, а се очекува еден да чини околу 338.000 евра.