Автомобили

Повеќето возачи не знаат што значат овие светла во електричните автомобили и хибридите

Британската осигурителна компанија confused.com спроведе големо истражување во 27 европски земји, а темата беа (релативно) новите симболи на контролната табла. Резултатите покажаа дека возачите генерално не знаат за кои симболи станува збор. Некои симболи се поврзани со електрични возила, а некои со хибриди.

Според истражувањето, дури 35 отсто од испитаниците се уште не знаат дека жолтиот симбол со буквите ABS, кој е присутен со децении, значи дефект на системот за сопирање ABS.

Еве неколку примери со кои возачите имаат најмногу проблеми.

Проблеми со електричниот систем

Дури 80 отсто од испитаниците не знаеле дека овој симбол на нивните електрични автомобили значи проблеми со електричниот систем.

AGC

Дури 77 отсто од испитаниците не знаеле за симболот AGC – вклучувањето на ова светло значи дека автомобилот крстари по удолница, намалувајќи ја отпорноста на забавување и сопирање. Целта на AGC е да ја намали потрошувачката на гориво додека возите.

Автомобилот е подготвен за возење

Дури 68 отсто од возачите на електрични возила не знаеле дека овој симбол значи дека нивниот автомобил е подготвен за возење.

Хибриден автомобил во електричен режим

Хибриден автомобил во електричен режим – 60 отсто од испитаниците не знаеле на што укажува ова светло.

Ограничени перформанси на возилото

Ограничени перформанси на возилото – 59 проценти од испитаниците не го знаеле ова.

Вклучен е надворешен звучник

Надворешен звучник се вклучува при помали брзини на електричните автомобили (за предупредување пешаци, велосипедисти) – 58 испитаници не го знаеле ова.

Пешачи на пат

Предупредување, пешаците се на коловоз! 53 отсто од испитаниците не го препознале тој симбол.

Грешка со возилото

Дефект на возилото што треба да се провери – тоа не го знаеле 52 отсто од испитаниците.

Температура на батеријата

Симбол кој не го препознале 48 отсто од испитаниците – температура на батеријата.

Електричниот режим на работа не е достапен на хибридот

Електричниот режим на работа во моментов не е достапен на хибриден автомобил – 38 проценти од возачите не го знаеле тоа.