Автомобили

Револуција во индустријата за пневматици? Гуми без воздух!

Во споредба со гумите исполнети со воздух, гумите без воздух треба да бидат помалку бучни, до 10 dB

Поради ова, но и фактот што ваквите гуми не можат да се дупнат, тие се развиваат на повеќе места во светот.

Шведските научници од VTI најавуваат дека до крајот на годината ќе го завршат развојот на нови гуми за камиони кои не се полнат со воздух. Проектот траеше 3,5 години и се планира да заврши оваа година, а беше финансиран од ЕУ.

Научниците најавуваат дека карактеристиките на ваквите тркала се намалување на ризикот од аквапланинг, но и помал отпор на тркалање од обичните гуми.

Тестовите покажаа дека отпорот е намален за дури 35 проценти, што може позитивно да влијае на потрошувачката на гориво.

Негативните страни се што тежат премногу – челичната заштита од ‘рѓа е најголемиот виновник, а само едно тркало тежи 150 килограми и тоа е нешто на коешто допрва ќе се работи.