Автомобили

Романскиот тренер го паркирал Ферарито и го заборавил 10 години: Бекер ми се јави …

Јон Тиријак е познато тениско име. Додуша, повеќе се прослави по тренерската и менаџерската работа отколку по играчките успеси, бидејќи во одреден момент се грижеше за кариерите на врвните тенисери како Борис Бекер и Горан Иванишевиќ.

Романецот е и итар бизнисмен со огромно богатство и гаража со дури 400 вредни автомобили. Меѓу автомобилите на Јон Тиријак беше и Ферари Ф40, легендарен модел на италијанската спортска марка. Автомобилот го чинел дури 700.000 долари.

Тиријак објаснува дека во тој дел од животот бил посветен на тренирање на други тенисери и дека деновите му биле исполнети со обврски. Така, во осумдесеттите години на минатиот век, тој оставил Ферари Ф40 на паркинг во Минхен, Германија, пишува ХАК Ревија.

„Десет години подоцна, во 90-тите, ми се јави господинот Бекер и ми кажа дека мојот F40 сè уште е паркиран таму. Заборавив на моето Ферари цела деценија“, признава Тиријак.

Првата работа што ја направил откако сфати дека има автомобил за кој заборавил е да го продаде. Во тоа време, тој сè уште немал каде да го чув, и било неопходно да се врати автомобилот во Маранело за да се расклопи моторот и да се врати во возна состојба.