Автомобили

Студот најголем непријател за корисниците на електрични возила во Америка

За тие од вас кој што не се запознаени, моментално во Америка владеат очајно ниски температури. Според статистиките, Америка нема искусено волку ниски температури од 1996 година. Наравно, ниските темпертаури предизвикуваат проблеми не само на улиците, туку и на пумпите.

Ваква ситуација за жал искусиа шоферите на Тесла, кои мораа да чекаат со саати во долги редици само за да си ја наполнат колата, но кога стигнаа на ред сватиа дека ке треба да се чека уште подолго од предвиденото.

Стандардното време за полнење на тесла автомобил е од прилика 45 минути, но на температура од -18 стептени целзиусови, тоа време се издолжува. Имено, на минусни температури, колата се полни цели 2 часа.

Еден од шоферите се пожали дека чекал во редица 5 саати и сеуште немел да стигне на ред да си ја наполни колата и доаде дека видел како камиони влечат десетици коли кои имале проблем со акумулаторите од ладно и неможеле да продолжат.

Автомобилите на Телса го доминираат Американскиот пазар на електрични возила. Компанија на Илон Маск има удел во 55% од 1.2 милиони продадени автомобили. Во Америка има вкупно преку 3 милиони електрични возила и над 135 000 јави станици за полнење на истите.