Бизнис

Затворена кинеската берза по огромниот пад на ЦСИ индексот

Повеќе од 30% од акциите во Кина се блокирани и не може да се тргуваат откако ЦСИ 1000 индексот падна 8% во рок од еден саат и покрај ветувањата од кинеската влада дека ќе се стабилизира

Кинеските регулатори ветуваат дека ќе го намалат ризикот кога доаѓа до берзата. Тие изјавија дека блиску ќе ја следат ситуацијата и ќе чекаат да ги преземат потребните мерки за да се врати пазарот од овој пад којшто е најголем во последните 4 години.

Поради продолжениот пад на кинеската берза, се донесе одлуката да се воведат рестрикции за да не дојде до поголем пад од што веќе има.
Имено рестрикциите кои што се воведени се следни:

  • Лимитирање на инвеститори да предвидуваат падови на берза
  • Некои инвеститори им е кажано дека не смеат да местат автоматска продажба на акции
  • Одредени фондови се комплетно казнети од продавање на било која акција што им е во посед
  • Одредени фондови не смеат да се откажуваат од нивните позиции

Еве како изгледа берзата во кина денес

1. CSI 1000: -8%
2. Star 50: -5%
3. Beijing 50: -4%
4. Shenzhen: -4%
5. Shanghai Composite: -3%

Најголемите компании во кина имаат позитивен ден, додека компаниите кои вредат помалце, се наоѓаат пред колапс.