ВестиПопуларно

Американците најавија закана за државна безбедност!

Америка најави дека нивната државна безбедност е под закана од страна на Русија.

Конгресменот на Охајо, Мајк Тарнер, денес даде изјава за заканата „Денес, изборниот комитет за интелигенција, им даде на членовите од конгрес информација во врска со закана од висок степен на нашата држава безбедност“. Тој продолжи „Му предлагам на претседателот Бајден да ја декласифицира цела информација во врска со оваа закана за да може администрацијата, конгресот, и нашите сојузници да водат дискусија за носење на адекватните мерки“

На ова имаше одговор советникот за државна безбедност на Америка, Џејк Саливан. На неговата прес-конференција кога беше прашан за заканата тој кажа „На почетокот на неделата стапив во контакт со членовите од конгрес и всушност закажавме состанок утре. Морам да ви признаам дека сум малце изненаден што конгресменот Тарнер одма искочил јавно да најави закана. Доколку тој сака да прави јавни изјави за кога јас и нашата интелигенција седнува со него на маса, тоа си е негова работа.

Како што може да замислите, голема паника избило во Америка откако се најавиле вестите. Медиумите пробуваат да дознаат за што точно може да станува збор. За сега се шпекулира дека заканата има врска Руската вселенска технологија, но како што се кажува не е тоа во прашање. На крајот се констатираше дека не е во прашања итна закана, но на социјалните мрежи сите забележаа дека тајмингот на оваа закана многу добро се поклопува со тие 60 милијарди долари што им го поклонија Американците на Украина.