ВестиПопуларно

Блок 70 во Србија гори! Во пламен кинескиот трговски центар!

Доколку ова ви звучи познато тоа е бидејќи истиот трговски центар се запали и во 2021 година.

Репортери дадоа изјава за моментална ситуацијата во Блок 70 „Моментално има премногу голема количина на чад, а се гледа и оганот ако се оддалечиме малце од каде што стоиме. Припадниците на полицијата не замолија да се оддалечиме поради можноста од потенцијална експлозија. Бидејќи сеуште не се знае која е причината на, а исто така не се знае дали има повредени. Она што го дознавме е дека моментално интервенцијата а се состои од 51 пожарникар и околу 15 пожарни возила.

Интервенцијата сеуште е во тек и се претпоставува дека ќе се зголеми бројот на пожарникари. Работници пробуваат да спасат сè што можат, бутаат ствари во торби, кеси, и ги фрлаат на безбедно со цел да спасат сè што е можно“ – Изјави една од репортерите на местото на настанот.

Како што се изјавува, почнало со експлозии, стигнал и хеликоптер. Сè уште непознато како настанал пожарот. На социјалните мрежи, пред пожарот се слушнало експлозија, но за сега нема официјални информации. Во пожарот во 2021 година, изгоре најголемиот дел од трговскиот центар во Блок 70. Пред самиот трговски центар моментално се поставени привремени контејнери. Предвидено е 80% од тезгите да се префрлат во Блок 72, каде што се гради нов трговски центар.