Вести

(Видео) Во стрим во живо наводно снимил мали луѓе што живеат во дрво: „Пази, многу се агресивни“

Видео снимено од ТикТок корисникот “selflextion” е вирално по социјалните мрежи откако нашол малечко човече кое живее во дрво. Секако дека имавме големи сомнежи за валидноста на видеото но фактот дека видеото е од стрим во живо, не би му дозволува на снимателот да го едитира видеото, поради што преостанува да претпоставиме дека видеото е всушност вистинско…

Откако беше видено човечето од речиси цел интернет, многумина тврдеа дека суштеството е нешто што се нарекува „дуендес“.

Според зачудувачки легенди, дуендите, познати и како Ел Дуенде, потекнуваат од латиноамериканскиот фолклор.

„Дуенде грубо се преведува на „Елф““, објаснува веб-страницата.

„Се вели дека Дуендите се високи малку помалку од 60cm, но не дозволувајте нивната мала големина да ве измами, тие сè уште можат да ви наштетат доколку го сакаат тоа”

„Има машки и женски дуенди, но изгледаат многу слично. Тие не носат облека, се покриени со долга коса, а мажјаците понекогаш пуштаат и брада.”

Како што се кажува, тие обично живеат во џунглите и се вели дека нивната исхрана главно се состои од овошје, како смокви.

Ние тука во Лом бевме просто изненадени што воопште некој можеше да препознае што се овие створења.

Според информациите, дуендите можат да бидат добри или лоши, во зависност од нивното расположение. Сепак, според народните преданија, тие наводно се многу заштитнички настроени кон своите домови.

Луѓето брзо го коментираа видеото, велејќи му на “selflextion” да биде супер внимателен.

Едно лице напиша: „Овие се нарекуваат дуенде и се многу вистински“.

Додека друг рече: „Некои дуенди не се пријателски настроени…бидете внимателни“.

А третиот додаде: „Отидов на Филипините и ми рекоа дека дуенда живее на дрвото. Не верував во тоа, па зборував лошо за нив. Потоа следниот ден имав 41 температура и ми се појави осип. Сето тоа е реално“.

Иако видеото е најверојатно реално, сепак многу луѓе се запрашаа за валидноста на видеото. Но со оглед на тоа што беше емитувано во живо, многу се запрашаа дали воопшто е можно да се манипулира со него.

„Мислам дека ова е реално“, напиша еден корисник. „Ако е реално, ова би било големо откритие“.

Во меѓувреме, друг додаде: „Деновиве, за жал, можете да верувате во нешто само ако го видите со свои очи“.