Вести

(ВИДЕО) Нема да заврши добро! Портата на пеколот во Сибир содржи нешто што е смрт за човечкиот род! А сега се отвори и на Арктикот!

Прво, огромна дупка се појави во Сибир во регионот Јамал. Светот беше запрепастен од таквата дупка. Откако научниците отишле на локацијата и го проучувале кратерот, рекле дека дупката настанала со експлозија на гас во земјата под притисок. Наскоро, во истата област се појавија уште две такви дупки.

Сепак, работата е многу посложена отколку што изгледа на прв поглед. Дупките се полни со метан и во многу поголем процент од вообичаеното.

Метанот е неспоредливо поштетен за животот на Земјата од јаглерод диоксидот.

Андреј Плеканов, руски научник, спроведе истражување на кратерите и откри дека содржат необична концентрација на метан дури и до 9,6 проценти.

Ова сознание предизвика голема загриженост во научните кругови ширум светот бидејќи нормалната концентрација на метан во воздухот е 0,000179 проценти.

Она што особено ги плаши научниците е појавата на тие кратери од 2011 година во Арктичкиот океан.

Научникот Џејсон Бокс верува дека со појавата на овие кратери прво во океанот, а сега и на копното, духот е ослободен од шишето и тоа нема да заврши добро за човештвото.

Тој вели дека ослободувањето на метан во атмосферата е 20 пати поопасно од акумулацијата на јаглерод диоксид, бидејќи така брзо се создава „стаклена градина“.

Метанот заробен под океаните е бомба која, доколку експлодира, би го вратила човештвото во праисторијата, бришејќи ги повеќето познати животински и растителни видови, вели Бокс.