ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Огромен украински напад врз Русија и Москва: Користени се дронови, има и загинати

Украина синоќа започна огромен напад со беспилотни летала врз неколку руски регии, вклучувајќи Брјанск, Москва, Тула, Калуга, Белгород, Курск, Орел, Вороњеж како и Краснодарскиот регион.

Гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, изјави дека едно момче е убиено, а тројца цивили се повредени во нападот со дрон во градот Раменскоје, град којшто се наоѓа 46 километри југоисточно од Москва. Меѓутоа Украина се4 уште го нема коментирано нападот.

Видеоснимките од експлозијата којашто се слушна над Бирјанската област беа објавени од страна на локалните жители, на социјалните мрежи половина час по полноќ според локално време. Гувернерот Александар Богомаз изјави дека противвоздушната одбрана во текот на ноќта соборила 59 украински дронови. Подоцна во текот на ноќта градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин исто така изјави дека биле соборени повеќе од 10 дронови коишто се движеле кон главниот град.

Собјанин изјави дека службите за итна помош го гаснат пожарот на 11 и 12 кат од станбена зграда во Раменској. Срушените остатоци од дронот исто така биле пронајдени во близина на меѓународниот аеродром „Жуковски“, којшто се наоѓа 36 километри југоисточно од центарот на Москва.

Повеќе од 30 меѓународни и домашни летови, коишто требале да полетаат од аеродромот „Внуково“ во периодот помеѓу полноќ и седум часот наутро според локално време биле одложени поради нападот. Аеродромот „Домодедово“ во Московската област беше исто така затворен во раните утрински часови. Додека во Тулската област наводно се соборени два дронови, а остатоците паднале врз енергетски објект, пренесува „index.hr“.

Во текот на последните месеци украинските сили ги зајакнаа нападите врз метите во рамки на руска територија, со цел причинување штети на руската нафтена индустрија и објектите коишто Русите ги користат за воени цели.

Во текот на ноќта, на први септември, десетици беспилотни авиони нападнаа неколку руски региони, а руското министерство за одбрана тврдеше дека собориле 158 беспилотни авиони.