ВестиПопуларно

(Видео) Однела мртовец во банка со цел да и го преземе кредитот

Македончето често вика дека нашата држава(доколку ја имаме) е “дното” и “ова го нема никаде”, “е*ате државата” и слично. Но за да бидеме сигурни, прво треба да се погледнат другите сиромашни држави, на пример Бразил!

Оваа жена внела мртов маж со количка за инвалиди во банка и се обидела да го натера да „потпише“ преземање на нејзиниот кредит додека му јаја држи главата горе.

На снимката се гледа како жената му кажува на мртвиот маж да го фати силно пенкалото додека го ставала меѓу неговите прсти и го охрабрувала да потпише парче хартија во филијалата на банката во Бангу, населба во западната област на Рио де Жанеиро, Бразил.

Еден банкарски работник кој бил сведок на сцената и кажува на жената: „Мислам дека ова не е легално. Тој не изгледа добро. Тој е многу блед.’
На тоа таа ладно одговара: „Тој таков си е“ пред да му се обратни на починатиот : „Ако не си добро, можам да те однесам во болница. Дали сакате повторно да се вратите во болница?

Пензионерот Пауло Роберто Брага (68) имал починато неколку часа пред да биде довлечкан до банка.

Жената која го однела во банката, Ерика де Соуза Виера Нунес, била уапсена на местото на настанот и на полицијата ѝ кажала дека таа е негова внука, но и исто така и негова негувателка.

Надлежните сигнализира дека најверојатно двајцата се семејно поврзани и се вели дека ги проверуваат камерите за видео надзор внатре и надвор од банката за да видат дали членот на семејството на Брага бил сам или со наводни соучесници поради сомневање дека може да се занимаваат со организирана измама.