ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Скандал во Германија, млади момчиња пееле нацистички песни со препознатливиот поздрав на Хитлер: „Германија на Германците, странци надвор“!

Видео од елитниот германски остров за забави на кое луѓе пеат нацистички слогани и ја креваат десната ракаа стана вирално и предизвика бес во државата.

Како што објави “Guardoam”, на видеото објавено на “X” се гледа како група луѓе на островот Зилт, на северот на Германија, пијат и танцуваат заедно на песната “L’amour Toujours” од Џиџи Д’Агостино. Но, некои од групата наместо текстот на песната го извикуваа стариот нацистички слоган „Германија за Германците, странците надвор“.

Еден млад човек ја подигнал десната рака и ги имитирал мустаќите на Хитлер

Еден човек облечен во бела кошула ја подигнал десната рака во очигледен нацистички поздрав додека ги имитирал мустаќите на Хитлер ставајќи два прста над неговата уста. И слоганот и поздравот се незаконски и казниви во Германија.

Полицијата во покраината Шлезвиг-Холштајн соопшти дека ја прегледува снимката и дека ќе постапи соодветно. Според досегашните информации, спорната песна ја пееле вкупно пет лица.

Слоганот „Германија за Германците – странците надвор“ е песна создадена во 19 век, користена од нацистичкиот водач Адолф Хитлер, а користена била и како слоган за кампањата на крајнодесничарската Национал-демократска партија.

Видеото можете да го погледнете ТУКА!