ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Улица за Гинис: Преминувањето на другата страна трае цела вечност

На пешаците им требаат 4 минути и 17 секунди за да ја поминат оваа улица со побрзо одење и чекање на семафори.

Улица во Аргентина со име Авенија 9-ти Јули влезе во Гинисовата книга на рекорди како најширока улица во светот. Се наоѓа во Буенос Аирес и е широка околу 140 метри, па затоа преминувањето од една на друга страна е прилично тешка задача.

Некои би рекле дека ви треба – цела вечност да ја поминете оваа улица.

Авенијата, именувана по Денот на независноста на Аргентина, основана на 9 јули 1816 година, има 16 главни и четири дополнителни ленти посветени на јавниот превоз.

@zeidaner

Widest avenue in the world🇦🇷⏰

♬ original sound – zeidaner

Според искуството на еден корисник на TikTok, на пешаците им требаат 4 минути и 17 секунди за да ја поминат оваа улица со побрзо одење и чекање на семафорите.

Авенијата вообичаено се протега на околу три километри, од квартот Ретрио на север до железничката станица Constitution на југ, и има централна пешачка зона и најмалку седум „острови“.