ВестиПопуларно

Во потрагата се вклучи и ФБИ: Србинка исчезнала во Мадрид, испратила сомнителна порака до пријателка и од тогаш ни трага од неа

Ана Кнежевиќ, Американка со српско потекло, исчезнала пред две недели во Шпанија. Нејзините пријатели апелираат до сите да им помогнат, а во потрагата се вклучил и ФБИ.

Со Ана никој не разговарал од почетокот на февруари, а како што велат нејзините блиски, таа отишла на одмор кон крајот на минатата години откако се развела од сопругот.

Кнежевиќ изјамила стан во Мадрид, а планирала да остане таму неколку месеци. Нејзините пријатели велат дека последната порака од неа била дека запознала маж со кого ќе оди на викендичка. После тоа не одговарала на пораките. Последен пат била видена на 2-ри февруари.

Во потрагата по Кнежевиќ покрај шпанската полиција се вклучи и ФБИ.