ВестиПопуларно

Деца уживале во морето без да знаат дека под нив има огромна ајкула: Бегале од водата врискајќи, очевидец снимил се (ВИДЕО)

Децата кои си играле во морето на брегот на Корнвол, останале преплашени откако виделе ајкула.

Ајкула долга преку 3 метри синоќа лесно била забележана во пристаништето Сент Ајвс во Корнвол.

Група од околу 20 деца истрчале од водата штом ги здогледале перките на ајкулата.

Морското суштество препливало покрај ѕидот на пристаништето и плажата, каде што си играле група деца.

Енди Нарбет го овековечил застрашувачкиот момент.

Тој опишал како изгледало сè.

„Одев покрај пристаништето кога видов ајкула како плива во близина на ѕидот на пристаништето. Децата сигурно беа на само шест метри од неа. Тие не сфатија дека е безопасна, па почнаа да врескаат и излегоа од водата“, изјавил Енди.

Се верува дека 20 деца си играле на малата плажа, а осум биле во вода на даски за веслање. Морските ајкули не претставуваат закана за луѓето и се хранат само со планктони.

Некогаш биле ловени поради нивното месо, перки и масло од црн дроб се додека видот не станал заштитен во 1998 година.

Тие се најголемата риба во Британија и можат да пораснат до 12 метри.

Тие се втората по големина риба во светот по кит-ајкулата.

Ајкулите се еден од само трите видови ајкули кои се хранат со планктони и доаѓаат во плитка вода во пролетните и летните месеци за да се хранат.