Вести

Турски актер убиен во Истанбул: Се обидел да ја заштити свршеничката која ја малтретирале, па го претепале до смрт

Емре Ајтекин, турски актер, починал на 32 годишна возраст во Истанбул.

Сандра Зепин, ѕвездата на филмот “Збогум Германиј”, го изгубила свршеникот Емре Ајтекин.

Музичарот и актер, според пишувањето на порталот “Bild” бил претепан во Истанбул, а потоа им подлегнал на повредите.

Како што се наведува, Сандра Зепин го ризикувала сопствениот живот за да го спаси свршеникот.

Како што пренесуваат германските медиуми, постои сомнеж дека непознатите напаѓачи ја вознемирувале свршеничката на Емре пред кобниот момент.

Како што јавува “Bild”, Емре бил претепан во ресторан за брза храна, откако им се спротивставил на двајца мажи кои ја малтретирале Сандра.