ВестиПопуларно

„Илјадници американци умираат од страна на илегалци“ – Обраќањето кон јавноста на Бајден не помина како што се очекуваше

Со оглед на здравствената состојба на Џо Бајден, неговиот говор за состојба на нацијата имаше по некој лапсус и секако по некоја поплака од незадоволни поединци

Обраќањето на јавноста на Џо Баден можеше многу подобро да помине ако ги прашате неговите поддржувачи. Во кратки црти, дур се обраќаше, Бајден даде слика дека САД се во многу силна позиција, но со тоа не се сложуваше главниот спикер на куќата. Името, Мајк Џонсон за Фокс Нуз изјави дека тој смета дека тврдењата на Бајден не се точни и не се сложува со тоа дека Америка е силна. Како што кажува тој состојбата на нацијата е во опаѓање во секоја мерна единица.

На говорот во кој може да учествува било кој имаше доста луѓе кои беа незадоволни со претседателството на Џо Бајден, и беа сигурни да го направат тоа јасно за целиот свет. Имено, конгресменката на Џорџа, Марџори Тејлер Грин даваше беџови со името Лајкен Рајли која е девојка што беше убиена од страна на илегалец додека била на утринско трчање. Откако конгресменката во извикување го кажуваше името на девојчето, Бајден даде одговор којшто не му беше спремен во говорот.

Бајден одговори: „Лајкен Рајли, невино девојче кое беше отепано од илегалец. Точно е. Илјадници американци умираат од илегалци“. Значи на чичко Џо му е јасно дека умираат голем број на Американци од страна на бегалци, а сепак ги остава границите отворени и им дава поддршка на илегалците да се сместат во Америка.

Признанието на Џо дека не знае што прави не беше единствената случка во текот на говорот. Имено, Стив Никуи, кој во Америка е ’златна ѕвезда‘ родител (златна ѕвезда укажува дека изгубиле дете што служело државата). Никуи изгуби син откако Џо Бајден одлучи непланирано да се повлекува од Афганистан. Син му, којшто беше маринец, беше убиен кај Еби Гејт при повлекувањето од Кабул. Никуи во текот на говор се дереше „Еби Гејт, Еби Гејт!!“ по што беше уапсен во текот на говорот.

Доста весело обраќање на Џо Бајден, среќа не се сопна од нешто..