Вести

Имал ужасни болки во стомакот, а кога отишол на лекар веднаш побарале ИТНА операција: Хирурзите останале во ТОТАЛЕН ШОК од тоа што му го извадиле (ВИДЕО)

Во свет полн со бизарни медицински случаи, една приказна од Виетнам секако се издвојува како една од најневеројатните. Имено, 34-годишен маж од провинцијата Куанг Нин бил примен во болница со силни болки и грчеви во стомакот, поради што лекарите веднаш се посомневале за сериозен проблем.

По извршената рендгенска слика и ултразвук, констатирано е дека има туѓо тело во стомакот. Иако не можело веднаш да се утврди за што точно се работи, ситуацијата била алармантна – нешто во неговото тело предизвикало перфорација на цревата и перитонитис, односно оток и болка на внатрешниот ѕид на желудникот.

Сфаќајќи ја итноста на ситуацијата, лекарите решиле веднаш да ја оперираат пациентот. Меѓутоа, она што го откриле за време на операцијата било сосема незамисливо. Од стомакот на пациентот извадена е жива јагула долга 30 сантиметри.

Јагулата беше жива!

Оваа неверојатна глетка ги оставила лекарите во шок. Според нив, јагулата најверојатно влегла во телото на пациентот преку ректумот, се лизнала по дебелото црево, ги гризнала цревата и на крајот стигнала до желудникот. Иако лекарите се навикнати на разни бизарни работи, фактот што јагулата ги преживеа сите овие трауми дополнително ги воодушеви присутните.

Мистеријата останува нерешена

Пациентот, сепак, не сакаше да објасни како јагулата влегла во неговото тело, оставајќи го медицинскиот персонал и јавноста без одговор на прашањето што се поставува – како се случи овој инцидент?

Ова не е прв пат на некого од Виетнам да му биде извадена жива јагула од тело