ВестиПопуларно

Ликвидиран Фатон Хајризи: Повторно пукал на полицијата

Портпаролот на Владата и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјавил дека е ликвидиран убиецот на полицаецот.

„Припадниците на полицијата во околината на Лозница го ликвидираа убиецот на полицајци“, изјави Дачиќ.

Министерот Дачиќ се упатил на самото место.

Како што пишува “Informer”, Фатон Хајризи повторно пукал на полицијата поради што бил ликвидиран.

Потсетуваме, српското МВР денеска соопшти дека припадниците на Министерстовото за внатрешни работи интензивно трагаат по Фатон Хајризи кој е осомничен дека пред два дена во Липнички Шор го убил полицискиот службеник Никола Крсмановиќ и го ранил полицаецот Вјекослав Илиќ.

Емруш Тачи, поранешен директор на затвор, изјавил дека според неговото познавање на Фатон Хајризи, тој нема да „падне во рацете на Србите“.

Полицаецот убиен со кушрум во глава

Да потсетиме, полицаецот Никол Крсмановиќ е убиен со куршум во глава, додека неговиот колега Вјекослав Илиќ е застрелан во рамо.

Тој е хоспитализиран во Општата болница во Лозница, а како што било кажано за “Блиц”, неговата состојба е стабилна и тој е надвор од животна опасност.