Вести

Локални избори во Турција, се води голема битка за Истанбул: Дали Ердоган ќе ја врати власта во градот?

Турците денеска ќе гласаат на локалните избори, а на изборите ќе учествуваат кандидати од 34 политички партии.

Населението ќе гласа за градоначалници, началници на области и други локални функционери кои ќе ја извршуваат функцијата во следните пет години, вклучително и лидери во Истанбул, Анкара и Измир.

Во 2019 година, градоначалникот на Истанбул, Имамоглу им го зададе најголемиот изборен удар на Ердоган и неговата партија во 20-годишното владеење на Турција, па сега партијата на турскиот лидер би можела да се обиде да ја врати власта во овој град.

Анкетите предвидуваат тесна изборна трка во Истанбул, 16-милионскиот град кој ја напојува турската економија, спротивставувајќи го Имамоглу против кандидатот на Ердоган, поранешниот министер Мурат Курум