ВестиПопуларно

Македонија денеска ќе гласа за претседател, ова се кандидатите

Денеска во Македонија се одржуваат седмите претседателски избори, а истите ќе траат до 19 часот.

Втор круг од изборите, доколку е потребно, ќе има на 8-ми мај, за кога се закажани и парламентарните избори.

Кандидатите за кои граѓаните можат да гласаат се Стево Пендаровски (СДСМ), Гордана Силјановска Давкова (ВМРО-ДПМНЕ), Билјана Ванковска (Левица), Максим Димитриевски (Знам), Стевчо Јакимовски (Гром), Арбен Таравари (Коалиција Вреди) и Бујар Османи (коалиција Европски фронт).

Денеска воедно е и неработен ден за сите граѓани.