ВестиПопуларно

Македонка од Сиднеј го преживеала нападот во трговскиот центар каде што настрадаа 6 лица

Рано изутрина во трговскиот центар “Westfield” во Сиднеј имаше напад на лице со нож во кое настрадаа 6 лица а 8 завршиjа на интензивна нега меѓу кои и 9 месечно бебе.

За време на трагедијата се најде Mакедонка која на социјалните мрежи се води под името JasminaCv, која го опишува нападот како “Престрашно” искуство

Како што кажува Јасмина, таа била на спрат со ќерка и додека нападот се случувал на спратот под неа.

Како што се дознава, напаѓачот им бил познат на полицијата и го “надгледувале”. Моментално неможе да се потврди дали е терористички напад во прашање.