ВестиПопуларно

Малолетен син на милионер пијан убил две лица со автомобил: Место затвор, ќе треба – да напише есеј…

Во Индија расте бесот кај народот откако на тинејџер кој наводно убил две лица возејќи пијан, за казна му е наредено да напише есеј, а многумина бараат построга казна и го обвинуваат правосудството за попустливост.

Несреќата се случила минатиот викенд, а 17-годишното момче возело низ градот Пуне во „Porsche“ пред да удри мотоцикл и да убие две лица. Малолетникот бил приведен и подоцна изведен пред Суд за малолетници каде бил пуштен со кауција и 15 дена општествено корисна работа.

Исто така, добил задача да напише есеј за безбедноста на улиците, навел заменик главниот министер на сојузната држава Махараштра, Девендри Фиднавис.

„Ова е грозно злосторство“

„Бесот после ова порасна. Според информациите на полицијата, детето има 17 години и 8 месеци. Ова е одвратно злосторство“, им рекол Фиднавис на новинарите, укажувајќи на измените на индиските закони за малолетници до 2015-та година, кои дозволуваат на деца постари од 16 години да им се суди како на возрасни ако направиле „грозно злосторство“.

„Ова беше изненадувачка пресуда која ја донесе Одборот за малолетничко правосудство“, додал тој.

„CNN“ се обидел да го контактира адвокатот на наводниот возач Прашант Патил за коментар.

Уапсен и таткото на малолетникот


Фаднавис додал дека полицијата од градот Пина го истражува малолетникот поради наводно убиство. Исто така побарале од судот да ја преиспита и својата одлука за кауција, рекол тој.

Снимката од надзорните камери, неколку моменти пред несреќата, прикажува бело „Porsche“ како вози по главна улица. Може да се видат луѓе кои трчаат кон местото на несреќата.

Таткото на малолетникот е уапсен бидејќи наводно му дозволил на синот да вози иако бил малолетен, објавил полицискиот комесар на градот Пуне, Амитеш Кумар. Законската возраст за возење во Индија е 18 години.

Трите лица кои малолетниците ги послужувале со алкохол исто така биле уапсени.

„Усвоивме најстрог можен пристап и ќе направиме сè што е во наша можност да обезбедиме дека двата млади изгубени животи ќе добијат правда, а обвинетите да бидат прописно казнети“, рекол тој.

Таткото на убиената девојка ги прозвал властите


Инцидентот ги полни насловните страни на индиските медиуми и предизвикал бес кај пошироката јавност, а многумина на социјалните мрежи ја осудиле казната на возачот.

Суреш Кошта, чија 24-годишна девојка загинала во несреќата, ги повикал властите да преземат построги мерки против наводниот возач.

„Погрешно е да му се дозволи на малолетник да вози“, им рекол на новинарите пред својот дом, додека ги задржувал солзите. „Прво треба да знае да вози“.