ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Меланија Трамп не сака да дели автомобил со својот сопруг Доналд

Фамилијата Трамп за жал беше собрана на еден не толку пријатен настан. Имено, неодамна почина мајката на Меланија Трамп, па на погребот беа собрани скоро сите членови на фамилијата Трамп за да се збогуваат со починатата мајка на екс првата дама на САД.

Тоа што доста ги изненади медиумите беше фактот дека Меланија и не сака баш да е во близина на сопругот Доналд. Кога тој пристапи да влезе во автомобилот кај што влезе Меланија, брзински беше “избркан” од страна на Меланија и мораше да еден од автомобилите на неговото обезбедување.

Ова доведе до многу шпекулации од типот дека воопштo не се заедно веќе и дека Меланија се појавува од време на време во јавност за да не ја повреди шансата на Доналд Трамп повторно да стане претседател на САД и доколку не стане, прекинот на врската би бил јавен. Но сепак останува да видиме!