Вести

Мистериозни „светлосни столбови“ снимени на јапонското небо: Глетката е неверојатна, но има објаснување

„Излегов од куќата и видов неверојатна работа“, изјавил Хинт Пот за локалните медиуми

Жителите на мало рибарско гратче во Јапонија биле сведоци на необичен спектакл, а фотографиите ги преплавија мрежите и предизвикаа различни реакции.

Сè се случило на 11 мај над Дејзен во префектурата Тотори. а гледаме „столбови на светлина“ како сечат низ облачното небо.

Мештаните биле збунети, а на небото изброиле девет „столбови“, пренесува Метро.

„Излегов од куќата и видов неверојатна работа“, изјавил Хинт Пот за локалните медиуми.

И додека корисниците на социјалните мрежи шпекулираа за каков феномен се работи, експертите се огласија. Тие веруваат дека тоа е најобичен одраз на светлата на рибарските чамци на море.

Ова се случува кога светлината се прекршува од облаци и се снима еднаш на неколку години. Феноменот има свое име – Исариби Кочу