ВестиПопуларно

Младиот херој Ислам Калилов даде интервју за руска телевизија: “Само си ја вршев работата, не се сметам себеси за херој”

Ислам Калилов не само што беше присутен за време на терористичкиот напад во Русија, туку тој и успеа да спаси стотици животи за време на трагедијата

Откако стана познат по инцидентот, Ислам даде изјава за Руска радиотелевизија.

За инцидентот Ислам го изјави следното:

“Кога луѓето почнаа да бегаат од ескалаторот, од скалите, тогаш си поврзав дека има напад, и инстинктите веднаш почнаа да ми работата.

Почнав да викам до целото фоаје, сите во градското собрание на Крокус. „Луѓе има пукање, сите трчајте кон изложбата!

Им покажав каде да одат и им помогнав на сите што можев”

Новинарката потоа го праша Ислам „Па дали тоа значи дека си последниот што си заминал?“

На ова, Ислам одговорил „Да, да секако, сакав да бидам сигурен дека не оставамо никого зад себе“.

Потоа го прашаа каде биле терористите додека сето ова се случувало.

На ова тој рече: „Тие беа на приземје, кај главниот влез, над мене, видов еден со брада, носеше зелена камофлажа и ја мафташе пушката.

Јас само си ја вршев работата. Искрено, не се сметам себеси за херој, тоа беше само дел од мојата работа.

Подобро да се жртвуваш самиот, наместо стотици невини да умрат” – изјави случајниот херој на Русија, Ислам Калилов