ВестиПопуларно

Нов скандал ја тресе црквата! Свештеник со ХИВ нападнал малолетничка! „Отецот е опасен!“ (ФОТО)

Мерката на претпазливост е изречена за да се спречи свештеникот повторно да стапи во контакт со девојчето

Отец Андреа Мелис, свештеникот кој беше уапсен во Џенова за сексуален напад врз малолетничка, има ХИВ и имал односи без потребните мерки на претпазливост, свесно изложувајќи ја жртвата на „опасност“.

Истражниот судија Милена Каталоно го ставил свештеникот во домашен притвор додека неговите адвокати велат дека „отецот бил на лекување и не можел никому да пренесе ХИВ“.

Свештеникот се заразил со ХИВ пред 10 години во Африка, а како што самиот признал бил на лекување, со што се намалил ризикот од заразување на други.

Утврдено е дека малтретираната малолетничка не била заразена со ХИВ, пишуваат италијанските медиуми.

Во моментов, свештеникот се соочува со обвиненија за сексуален напад врз малолетник, проституција и обид за тежок напад.

Во домот на свештеникот биле пронајдени наркотични дроги користени за сексуални цели и стимулации, како и дизајнерска облека и електронски цигари кои им ги делел на децата за да ги намами во куќата.

– Отец Мелис живее со ХИВ и се лекува во болница во Џенова, а веќе 10 години прима терапија која дава успешни резултати – стои во белешката на адвокатот што го брани свештеникот, пренесе Телеграф.рс.