ВестиПопуларно

По наредба на претседателот, сите автомобили во оваа земја мора да бидат бели

Ако возите низ главниот град на Туркменистан, веројатно ќе забележите дека повеќето од автомобилите на патот се со бела боја.

Ова не е случајно – уште во 2018 година беше донесена регулатива според која во главниот град Ашгабат е забрането возење во црни и светло обоени автомобили.

Никој не објасни зошто е донесена оваа бизарна одлука, иако многумина тврдат дека тоа е поврзано со суеверијата на поранешниот туркменистански претседател Гурбангули Бердимухамедов, кој смета дека белата боја носи среќа.

Не само што повеќето автомобили на патот се бели (иако понекогаш се дозволени сребро и злато), туку и возилата мора да бидат беспрекорно чисти.

Имено, доколку полицијата ве запре на пат додека имате валкан автомобил, ќе мора да платите казна.

Ашгабат често се нарекува бел град бидејќи сите нови згради од 2000 година се изградени од бел мермер. Главниот град на Туркменистан всушност го држи рекордот за најголема концентрација на згради од бел мермер во светот.