ВестиПопуларно

Прво обраќање на инстаграм профилот на Принцот Вилијам откако Кејт откри дека боледува од рак

Неодамна беше објавена првата порака на Инстаграм профилот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, откако принцезата од Велс на 22 март објави дека има рак.

Сторито кое е објавено на заедничкиот инстаграм профил на принцот и принцезата од Велс, се смета за прво обраќање на принцот Вилијам по веста дека Кејт боледува од рак, а еве ја пораката што тој ја испрати.

„Благодарам за толку многу незаборавни игри“, објавено е на Инстаграм сторито на профилот на принцезата и принцот од Велс, а пораката е упатена до англиската фудбалерка Рејчел Дејли, која денеска објави дека повеќе нема да игра за репрезентацијата на својата земја, нагласувајќи дека тоа е тешка одлука и дека ќе го носи дресот до крајот на животот, доколку тоа е можно.

Без разлика што се работи за заеднички профил, британските медиуми, пишуваат за оваа порака како прво обраќање на принцот Вилијам, од објавувањето на информацијата дека Кејт Мидлтон е на лекување.

Вилијам продолжил да ги извршува службените обврски додека трае двојната криза во семејството поради здравствените проблеми на неговата сопруга и кралот Чарлс кој исто така се бори со ракот.