ВестиПопуларно

Продавачка од Свети Николе си задржала изгубена картичка и си пазарела со неа

Под сомнение за сторено кривично дело „оштетување на неовластено навлегување во компјутерски систем“, Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Свети Николе поднела кривична пријава против М.П од истиот град.

Лице од Свети Николе ја заборавило картичката во продажен објект во истиот град, а пријавената си ја задржала и си пазарела со неа, пишува “Утрински весник”.

Во период од 11.01.2024 до 16.01 таа извршила повеќе плаќања, стекнувајќи противправна имотна корист од 5.235 денари.