Вести

Пронајден голем сеф сред езеро во Њујорк! Кога го отворија останаа во шок!

Пар ловци на богатство од Квинс, Њујорк, велат дека пронашле сеф со околу 100.000 долари додека пребарувале езерото во Њујорк. Џејмс Кејн и Барби Агостини во петокот фрлиле магнетно јаже во езерото во паркот Флешинг Медоус Корона во Квинс и го извлекле сефот.

Кога го отвориле, пронашле голема количина банкноти од 100 долари во пластика. За жал парите биле оштетени од вода. Двојката тврди дека локалната полоција им дозволила да ги задржат парите бидејќи пронајдениот сеф не бил поврзан со криминални активности.

„Бевме шокирани. Видовме дебели банкноти“

„Имаме најдено сефови и во минатото. Кога го извлековме, во него најдовме огромна сума на пари. Бевме шокирани. Видовме дебели банкноти. Се разбира, тие беа влажни и доста оштетени. Во него немаше лични карти, така што е невозможно да се пронајде сопственикот“, изјави Кејн за Би-Би-Си.

Кејн и Агостини почнаа да бараат со магнети за време на пандемијата „Ковид-19“. Досега велат дека пронашле гранати од Втората светска војна, пушки од деветнаесеттиот век и мотоцикл.