ВестиПопуларно

Русија со предупредување: Балканот е загрозен, НАТО таму гради центар за хибридно војување

НАТО и Европската унија ја прошируваат територијата на која се наоѓаат нивните сајбер центри насочени против Русија, а сега во план е и изградба на еден таков центар во Албанија, открила денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Таа предупредила дека „на тој начин на Балканот – регион за кој се карактеристични внатреполитички проблеми, би можел да се појави уште еден извор на хибридна закана“.

Како што објаснува Захарова, акцентот на ваквите сајбер центри ќе биде на Русија, која за Американците „е една од главните закани по американската стабилност во дигиталната сфера“.

Захарова потсети дека во 2017-та година во Хелсинки бил отворен Европски центар за борба против хибридните закани. Анализирајќи ја неговата работа, руските воени експерти дошле до заклучок дека „финскиот центар спроведува активни мерки во воени, политички, дипломатски, економски, информациони, медицински и други сфери за да го наруши позитивниот имиџ на Русија“.

Токму еден таков сличен центар, НАТО размислува да отвори во Албанија, предупредуваат од руското Министерство за надворешни работи, пренесува „RT Balkan“.