ВестиПопуларно

„Слушав гласови дека мојата жена е демон, а син ми е син на сатаната“: Вака Александар се бранел по убиството на сопругата и детето

Не спиев цела ноќ поради опсесивни мисли. И утрото слушав гласови дека мојата жена е демон, а моето дете е син на сатаната, дека треба да бидат убиени.

Вака изјави Александар Липатов, кој во неделата на 26 август ги фрли сопругата и бебето низ прозорецот на стан на 16-ти кат во Москва, за време на сослушувањето откако се разбудил од кома во болница.

Според Телеграм, во телото на Липатов не биле пронајдени алкохол или дрога. Тестовите покажале само траги од антидепресиви. Исто така, немало слични супстанци во телото на неговата сопруга, само траги од хормонални лекови биле пронајдени по породувањето.

„Како причина за неговото однесување, Александар Липатов ги наведе недостигот на сон и прекумерната работа во банката, каде што раководи со голем тим. Тој бил многу ангажиран во нов проект“, било објавено на Телеграм.

Според информациите на каналот МАШ, Александар Липатов ден пред трагедијата мислел дека некој го следи. Поради опсесивни мисли не спиел цела ноќ.

– И утрото слушав гласови дека мојата сопруга е демон, а моето дете е син на сатаната, дека треба да бидат убиени – рекол тој.

Лекарите дијагностицирале акутно психотично растројство со знаци на шизофренија, придружени со нарушени когнитивни функции. Менталните проблеми на Липатов започнале пред пет години во Барнаул, каде наводно бил во локална душевна болница.

Според тамошните медиуми, Александар (39) и Милена Липатов (36) биле во брак околу три години и се преселиле од Барнаул. Липатов бил вработен во Централната банка на Русија. Детето кое го фрлил од 16 кат е родено минатата година.