ВестиПопуларно

Страшни снимки од Тајван: Земјотрес руши згради, Јапонија издаде предупредување за цунами

Силен емјотрес го погоди Тајван, а локалните медиуми јавуваат дека има оштетени згради.

Земјотресот е со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала. По него следеле малку послаби земјотреси, од кои најсилниот беше околу 6 степени.

Јапонија и Тајван го повлекоа предупредување за цунами кое беше издадено веднаш по земјотресот.

Најмалку 26 згради се урнале во земјотресот, а во седум од нив луѓе останале заробени, пишуваат тамошните медиуми.

Едно лице загина, додека 50 биле повредени, објави “Reuters”.