ВестиПопуларно

Убиството на манекенката Кристина Јоксимовиќ се уште е енигма : Сопругот ја убил, па ја мелел во блендер

Убиството на Кристина Јоксимовиќ, швајцарска манекенка со српско потекло, беше голема главоболка за локалната полиција додека не се откри што се крие зад крвавото злосторство.

Швајцарскиот портал Blick го истражуваше случајот со убиството на Кристина, која сопругот ја задави, па исечка, а потоа деловите од телото ги сомеле во блендер.

Откако полицијата на Базел-Ленд го објави откривањето на злосторството, многу детали останаа нејасни. Надлежните беа многу резервирани и не ја соопштија возраста или полот на жртвата и уапсениот. Исто така, беше кажано дека жртвата сè уште не е идентификувана.

Единствено беше јасно дека едно лице е пронајдено убиено, како и кој е тој што го нашол телото и веднаш повикал полиција.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и набрзо го привела осомничениот. Неколку дена подоцна обвинителството излезе во јавноста со информации за возраста и полот на учесниците на настанот.

“Blick” известува дека брачната двојка, манекенката Кристина и нејзиниот сопруг Томас, живееле во луксузниот кварт Бининген. Според зборовите на еден сосед, во куќата живееле и нивните две мали деца.

Еден од пријателите на семејството рече дека нема ништо што укажува на тоа дека се случило грозоморно злосторство.

„Тие ми изгледаа како совршено семејство“, изјави тој пријател за Blick.

Но, друг семеен пријател фрли поинакво светло на брачните односи, кој рече дека млекото и медот не течат баш во таа врска.

„Имаат проблеми со месеци. Наводно, полицијата веќе морала да интервенира поради физичко насилство“, вели тој пријател.

Тој додаде дека сопругот на Кристина, Томас, потекнува од богато семејство. Сепак, она што го натерало Томас да изврши такво страшно злосторство сè уште останува нејасно.