ВестиПопуларно

(ФОТО) Две балкански земји се соочуваат со “колапс на нацијата”, а за тоа објави и Илон Маск

Илон Маск е еден од најгласните заговорници кога станува збор за наталитетот.

Милијардерот неколку пати во интервјуа нагласуваше дека најголем проблем за светот не се војните, болестите или брзото развивање на вештачката интелигенција – туку нискиот наталитет на светско ниво.

Маск на својата платформа “X” сподели пост за тоа дека Грција е една од неколкуте земји во светот кои се соочуваат со колапс на популацијата.

Грците, покрај слабиот наталитет, се соочени со ненадејни смртни случаи, посебно кај млади луѓе.

Подолу во коментарите под постот може да се прочита дека нешто слично се случува и во Бугарија, која од 1990-та година па досега изгубила речиси 2 милиони луѓе.