ВестиПопуларно

Што експлодирало над Украина? Мистериозна светлина се видела од 1.000 километри оддалеченост

Мистериозната експлозија осветлила неколку украински области во ноќта меѓу вторникот и средата.

Необичен блесок бил забележан според наводите на украинските медиуми петнаесетина минути по полноќ вчера, а го забележале жителите на Харовската, Сумската, Киевската, Полтавската, Дњепропетровската и Запорошката област.

Медиумите наведуваат дека не се слушнала никаква експлозија.

Се наведува дека веројатно станува збор за пад на метеорит, меѓутоа, засега нема официјални информации.

Украинската војска, потсетуваме, неодамна во воена зона снимила НЛО во облик на диск. Снимката од непознатото летало ја забележал дрон на 406 баталјон.