ВестиПопуларно

Ќерката и организирала погреб на мајка и, а кога ја фатила старицата за рака, крвта и замрзнала во вените!

Во романското село Сурка се случи бизарна и потресна приказна која ја шокираше локалната заедница

Се започнало кога загрижената ќерка ги замолила соседите да ја проверат мајка и, бидејќи таа два дена не се јавила на телефон.

Кога влегле во куќата, соседите ја затекнале повозрасната жена како неподвижна лежи на подот, па веднаш ја известиле нејзината ќерка дека починала.

Еден од соседите, кој прв ја нашол жената, за медиумите изјавил дека ја нашол на подот со еден чорап на ногата, верувајќи дека доживеала мозочен удар.

Ќерката, убедена дека нејзината мајка починала, веднаш почнала да го организира погребот и да купува ковчег.

Меѓутоа, кога ќерката пристигнала во куќата за да го измие телото на мајка си, доживеала шок кога мајката ги отворила очите додека ја држела за рака.

Иако не можела да зборува, било очигледно дека жената не е мртва.

Наместо погреб, жената итно била пренесена во болница, каде лекарите се борат за нејзиниот живот, со оглед на нејзината тешка состојба.

Оваа несекојдневна ситуација предизвика шок во селото кое веќе се подготвуваше за погребот, додека семејството сега нетрпеливо чека информации за здравјето на мајката.