Друго

Редок синдром: Жена која што не пие алкохол, некако е константно пијана!

50-годишна Канаѓанка, која седум пати ја посетила болницата со нејасен говор и екстремен замор, била отпуштена со дијагноза алкохолизам и покрај тоа што тврдела дека не пиела, а се испоставило дека има редок синдром поради кој изгледа пијана.

Синдромот на автоферментација на цревата е состојба во која габите во цревата произведуваат алкохол со ферментација. Научниците велат дека свесноста за овој синдром – кој има социјални, правни и медицински последици – е клучна за правилна дијагноза и третман.

Повеќе од две години, една жена се јавувала на одделот за итни случаи во Торонто, жалејќи се на силна дневна поспаност и нејасен говор. Таа примила неколку курсеви со антибиотици за инфекции на уринарниот тракт и земала инхибитор на протонска пумпа за да ја намали количината на киселина во стомакот.

И покрај тоа што не пиела алкохол, таа имала зголемено ниво на алкохол во крвта и алкохол во здивот. Жената секој пат била отпуштена со дијагноза алкохолно труење и покрај нејзините тврдења дека не консумирала алкохол, што го потврдило и нејзиното семејство.

Пациентката морала да паузира две недели од работа по секој случај, а за тоа време јадела многу малку.

Нејзините симптоми би се подобриле по една до две недели, но се враќале секој месец или два